Закажи звучна масажа

MKD2500.0050 min

Моша Пијаде 93/49, Куманово

Звучната масажа нуди длабоко опуштање и хармонизација на телото, умот и енергетското поле. Преку внимателно поставени звучни чинии, телото природно влегува во состојба на мир, а вибрациите помагаат во ослободување на стрес и наталожена напнатост.

Сесијата овозможува подлабоко искуство и простор за вистински одмор, смирување на нервниот систем и враќање на внатрешниот баланс. Идеална е за оние кои сакаат целосно да се препуштат и да си подарат време само за себе.

Носете удобна, лесна облека од памук или лен, за да можете целосно да се опуштите за време на сесијата.

Доколку на себе носите некаков накит, ремен, метал и слично,  отстранете го пред да започне звучната масажа.